Украинците, без двајца фудбалери кои отпаднаа поради повреди, допатуваa во Скопје (ФОТО)

Репрезентацијата на Украина вчера пристигна во Скопје пред квалификацискиот натпревар со Македонија за пласман на ЕВРО 2024 во Германија.

Украина во Скопје допатува без Валериј Бондар и Александер Пихалионок, кои поради повреди нема да можат да им помогнат на своите соиграчи во јунските пресметки.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра утре (16. јуни) со почеток од 20:45 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...