Фудбалската репрезентација на Македонија утре во 20.45 часот на Националната арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 година против репрезентацијата на Украина.
Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски вели дека очекува многу поразличен меч од тој на ЕВРО 2020.
„Украина е силен противник. Тоа го видовме на Европското првенство многу добро, каде одигравме две различни полувремиња, првото губевме со 2-0, а потоа одговоривме максимално на терен. Сега мислам дека ќе биде многу поразличен натпревар, ако сакаме успех ќе мора физички да се издржи мечот во едно силно темпо. Јасно е дека во модерниот фудбал мора да се направи нешто на терен ако сакате позитивен резултат, а не само фокус на дефанзивата. Верувам дека со поддршка од трибините, ќе знаеме како да ги израдуваме нашите навивачи“, изјави Ристовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА