Никола Јокиќ му донесе титула на Денвер во НБА лигата, а најголем поддржувач патем му беше сопругата Наталија. Српскиот кошаркар тоа многупати го потенцираше, а многумина не ја знаеаја нејзината тешка животна приказна.
Наталија како бебе ја преживеала „Олуја“, и била меѓу повеќе од 250.000 Срби кои беа протерани од Краина. Таа тогаш имала само седум месеци и успеала да побегне во рацете на нејзината мајка Даница.
Таа како бебе успеа да ја преживее „Олуја“, а потоа дочека да биде со Никола и со него да го прослави еден од најголемите успеси во својата кошаркарска кариера. Тој ја подигна титулата, славеше на теренот и во соблекувалната, а потоа истакна колку му се важни Наталија и нивната ќерка Огњена, која го „украде шоуто“ за време на прославата.
Двајцата се венчаа во октомври 2020 година, а всушност се заедно уште од тинејџерските денови. Додека Никола се уште играше кошарка во Србија, дојде во Америка во 2013 година и студираше колеџ во Оклахома, но заврши во Денвер кога дојде да живее со него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

