Македонските репрезентативци веруваат во силна поддршка од трибините на националната арена „Тодор Проески“ на утрешниот натпревар против Украина (20:45 часот) во квалификациите за ЕП 2024.
Според денешните информации, досега се продадени околу 10.000 билети за утрешниот натпревар против Украинците. Како по обичај во последните два дена, низ денешниот и утрешниот ден се очекува голем број фудбалски вљубеници да ја дополнат бројката од околу 20.000 навивачи колку се предвидувањата за пополнетост на најголемиот наш стадион.
„Сигурно огромен е мотивот кај нас за успешен дуел против силната Украина. Веруваме дека со силна поддршка од трибините ќе одиграме максимално, и ќе знаеме како да ги израдуваме нашите навивачи“ – истакнува капитенот Стефан Ристовски.
Продажбата на билети, кои се по цена од 300 и 400 денари, за натпреварот Македонија – Украина се организира преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите. Едно лице може да купи најмногу четири (4) билети. Задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ е биде отворена на од вчера, а ќе биде и денеска (15. јуни) и утре на денот на натпреварот (16. јуни) од 10 часот.
Продажни места:
Скопје:
• ЛитератураМК – City Mall
• ЛитератураМК – East Gate
• ЛитератураМК – Веро Центар
• Литература – ТЦ Буњаковец
• Литература МК – ул. Македонија
• Југотон ГТЦ 1
• ЈК Травел – ТЦ Бисер
• Макпетрол – Козле
• Макпетрол – Илинденска
• Макпетрол – Влае
Велес:
• Унисон
Прилеп:
• ТА Бран
Куманово:
• Тобако Агора
Тетово:
• Тобако Монако
• Гранд Тобако
Гостивар:
• Тобако Вона 5
Охрид:
• ТА Вис Пој
Битола:
• Литерара МК
• Tobacco Brothers
Струмица:
• Литература МК
• ТА Сафари
Радовиш:
• ТА Халкидики
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА