Тениската репрезентација на Македонија го доживеа првиот пораз во Третата зона во Дејвис купот откако по двата сингл натпревара доживеа два порази против репрезентацијата на Молдавија.
Во првиот меч Берк Бугариќ пружи вистински отпор против фаворизираниот Илија Снитари, но на крајот сепак загуби со 2-1, по сетови 4-6, 6-2 и 6-3.
Во вториот натпревар нашиот најдобар тенисер играше тесен меч против Александер Чозбинов, но во вториот сет мораше да предаде, па сега останува под знак прашалник неговиот настап утре против Кипар.
Токму мечот против Кипар директно ќе одлучува за репрезентацијата која ќе го освои второто место во групата и ќе се пласира во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

