Продолжуваат проблемите на Медведев: Русинот повторно елиминиран на стартот на АТП турнир

Рускиот тенисер Данил Медведев продолжува со катастрофалните партии на АТП турнејата. По елиминацијата на стартот на Ролан Гарос од Бразилецот, Тијаго Сејбот-Вајлд, Русинот доживеа елиминација и на турнирот во Хертогенбош.

Медведев во својот прв натпревар на турнирот во холандскиот град беше поразен од францускиот тенисер Адријан Манарино со 2-1 по сетови 4-6, 6-4 и 6-2.

Во четвртфиналето Манарино за противник ќе го има подобриот од мечот меѓу Канаѓанецот, Милош Раониќ и Австралиецот Џордан Томпсон.

Се вчитува...