Селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Радослав Стојановиќ го скрати списокот на 24 ракометари за Светското првенство кое летово ќе се игра во Хрватска.
На скратениот список од 24 ракометари се наоѓаат тројца интернационалци. Тоа се голманот Давид Брестовац од германскиот Котбус, левиот бек Борјан Дамјаноски од австрискиот Грац, како и средниот бек Мирче Калајџиески, кој има одлични настапи за словенечкиот Слован.
Кадетската машка селекција во рамки на подготвителниот период ќе оддигра пријателски натпревари против селекцијата на Унгарија. Натпреварите ќе се оддиграат во Унгарија на 13.07 и 14.07.
Кадетската машка репрезентација на Македонија е дел од групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во Главната рунда, а останатите две репрезентации се пласираат на Президент Куп.
Во Главната рунда вкрстуваме со групата Е, во која е репрезентациите на Мексико, Данска, Чиле и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА