Ѓорческа поразена во осминафиналето на фјучрсот во Словенија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа во осминафиналето го заврши настапот на ИТФ фјучрсот во Словенија.

Тетовчанката во оваа рунда на турнирот вреден 60.000 американски долари беше поразена од Романката Габриела Ли со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-4.

Во првиот сет нашата тенисерка прва стигна до брејк, но по тешка борба тој на крајот во тај-брејк и припадна на Романката. И вториот сет ни донесе голема битка во која на крајот повторно подобра беше романската тенисерка.

Се вчитува...