Холандските медиуми денеска го нападнаа селекторот на Холандија, Роналд Куман после поразот во Ротердам од Хрватска во полуфиналето во Лигата на Нации.
Анализите се дека на селекција и недостасува квалитет. Роналд Куман не може да побегне од критиките, а дека ги губи конците уште на самиот старт од својот нов мандат покажува вчерашната прес-конференција во која се искара со новинарите. Медиумите не се воодушевени од тоа како ја води селекцијата, а веднаш по мечот на Куман му замеруваа за многуте примени голови во последните два меча (четири од Франција и четири од Хрватска).
„Што треба да подобриме? Тие последните два гола не ги сметам затоа што тоа е продолжение во кое преземате поголем ризик. Тоа е поинаку“, рече Куман.
Новинар: И сега, ако не ги сметаме тие голови, тогаш сте победиле…
Куман: Да, кога така гледате. Тоа е малку глупав коментар од ваша страна. Дали тоа беше шега? Такви сме ние Холанѓаните, и тоа после вакви натпревари.
Сепак, после ова Куман се созеде и почна да го коментира натпреварот, кажувајќи дека првиот гол на Хрватска одиграл клучна улога, но призна дека Холандија не загуби поради него, и призна дека противникот сосема заслужено победил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

