Фетел се враќа зад воланот на Ред Бул

Себастијан Фетел се враќа зад воланот на Ред Бул. Легендарниот Формула 1 возач кој неодмана замина во пензија се враќа на стазите каде ќе има промотерска улога демостирајќи возење на е-гориво.

Германскиот возач првиот настап во новата функција ќе ја има на легендарната стаза „Нирбургринг“ на 9. септември каде ќе го вози моделот на Ред Бул „РВ7“ со кој во 2011 година ја освои шампионската титула со дури 11 победи.

Болидот на Фетел нема да биде единствениот на стазата бидејќи до него ќе застане и неговиот поранешен клупски колега Даниел Рикардо со моделот „РВ8“ кој Ред Бул го користеше во 2012 година.

Се вчитува...