ЦСКА Москва кој ја предводи македонскиот стратег Емил Рајковиќ и во следната сезона нема да биде дел од најелитното европско кошаркарско натпреварување – Евролигата.
Русите кои беа исфрлени поради конфликтот со Украина не само што нема лесно да го вратат своето место, туку ќе треба и да го заслужат покрај тимови како Монако и Партизан, вели претседателот на московскиот гигант Андреј Ватутин.
„Луѓето мораат да сфатат дека местата на руските тимови се веќе зафатени во интернационалните натпреварувања. Поради оваа ситуација, враќањето во Евролигата во моментов не е можен. Не е можно ни доколку играме на неутрален терен. Покрај тоа го гледаме успехот на Монако кој сака долготрајна лиценца, го имаме и Партизан кој на секој натпревар има полна сала и сигурно дека и тие целат кон долготраен однос со Евролигата.
Кога ќе добиеме повторно шанса да играме во Евролигата ќе мораме да се бориме за тоа место, повторно да се докажуваме. Но, секако ние сме ЦСКА, имаме бренд и буџет.
Ние и понатаму сме акционери, учествуваме во сите преговори, но во овој момент во главно работиме онлајн, а не во живо. Покрај чудната ситуација ние и понатаму комуницираме и сме вклучени во функционирањето на натпреварувањето“, вели Ватутин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА