Кирјос: Само јас можам да го запрам Ѓоковиќ

Ник Кирјос, некогашниот непријател број еден, а денеска најголем фан на Новак Ѓоковиќ имаше само пофални зборови за српскиот ас кој неодмана постави нов рекорд по бројот на освоени грен-слем титули по триумфот на Ролан Гарос.

Австралиски тенисер со грчко потекло се надева дека Србинот ќе продолжи во иста мера и до крајот на кариерата ќе стигне до бројката до 30 големи титули.

„Се надевам дека ќе освои 30 титули. Така ќе изгледам јас подобро бидејќи загубив од него во финалето на Вимблдон. Новак оствари нешто посебно, неверојатно. Знам колку многу работи на себе и колку се тоа му значи.

Притоа пропушти многу грен-слемови бидејќи не можеше да влезе во некоја држава. Сега ќе имаше 25, 26 титули сигурно. Многу е гладен за успех. Луѓето мислат дека тој ќе застане тука, но мислам дека во него само се пробуди поголема мотивација.

Не гледам кој може да го запре. Ако јас не го запрам, никој друг не може“, вели Кирјос.

Се вчитува...