Украинската фудбалска репрезентација е во серија од три натпревари по ред со победи над Македонија. Во квалификациите за ЕП 2016 година во групата, Украинците двапати ја победија Македонија, а ја совладаа и на ЕП 2020 година во Букурешт со 2-1.
Сепак, Украина, а особено Сергеј Ребров има и горки спомени од Скопје. Тој како фудбалер на Украина претрпе пораз во кој играе и тогаш неговиот клупски колега Андреј Шевченко, кој го напушти теренот уште по првиот дел откако доби повреда на забите.
Украинците вечерва тренираа на Националната Арена „Тодор Проески“ со надеж дека ќе ја забележат првата победа во квалификациите. На Македонија е да не дозволи радост на Укранците, и да се обиде да дојде до втора победа во квалификациите, која ќе даде дополнителна мотивација пред гостувањето во Манчестер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА