Хаос во „Оака“ – навивачите на Пао фрлаа факели кон кошаркарите на Олимпијакос

Четвртиот натпревар од финалната серија помеѓу Олимпијакос и Панатинаикос доживеа прекин во третата четвртина кога при водство на гостите од Пиреја од 35-63 започнее дивеење на домашните навивачи.

Истите фрлаа факели и шишиња со вода кон кошаркарите на Олимпијакос. И покрај тоа што во арената постои „заштитна мрежа“, истата не ги спречи сите предмети па судиите се одлучија на прекин на дербито додека не се испразни публиката. А, додека навивачите ја напуштаа арената не ја испуштија и можноста да испратат десетици столчиња на паркетот.


Олимпијакос моментално води со 2-1 во финалната серија, а доколку истата продолжи денеска и во неа слават „црвено-белите“ тоа ќе биде втората последователна титула за евролигашот.

Се вчитува...