Статистиката на страната на Украинците: Само порази на сите три досега официјални меѓусебни дуели (ВИДЕО)

Ако се погледне статистиката од досегашните меѓусебни натпревари меѓу Македонија и Украина, тогаш предноста е на страната на Украинците.

Во очекување на денешната шеста меѓусебна пресметка, Македонија и Украина досега имаат вкупно пет меѓусебни дуели во историјата, од кои три официјални, и два пријателски. Притоа, македонската селекција е само со една победа, едно реми и три порази. Интересно, сите три порази се на официјалните натпревари, а ремито и победата на пријателски дуели пред 2004 година.

Единствената победа за Македонија е запишана на пријателскиот натпревар во Скопје на 31. март 2004 година кога славевме со 1-0 со голот на Горан Ставревски. Тогаш за Украинците играше токму актуелниот селектор Сергеј Ребров.

Поразите, пак, се два во квалификациите за ЕП 2016 (0-2 и 0-1) и последниот пораз е на Европското првенство 2020 во Букурешт со 1-2. Тогаш стрелец на единствениот гол за Македонија беше Езгијан Алиоски.

Се вчитува...