Напаѓачот на Аргентина, Лионел Меси откри дека сериозно размислувал да прекине со играњето за Аргентина по Мундијалот во Катар. Тој напомена дека сигурно ќе се откажел од националниот дрес, доколку неговата земја не го освоела трофејот на минатогодишното Светско првенство.
Пред неколку дена Меси кажа дека нема да игра на идното светско првенство во 2026 година.
„Толку уживав во Светското првенство знаев дека може да ми биде последно. Искрено, мислам дека немаше повеќе да бидам дел од националниот тим да не го освоевме трофејот. Не можеше се да се освои на клупско и индивидуално ниво, но да не остварев успех со репрезентацијата, тогаш нешто пропуштам. Но, сега како светски првак не можам да ја напуштам репрезентацијата, морам да уживам во тоа што сме светски прваци“, рече Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА