Челси не престанува да троши: 80 милиони фунти за играчот на Брајтон

Мојсес Каиседо, играчот на Брајтон и на еквадорската репрезентација е пред потпис со Челси. Лондонските „сини“ немаат намера да престанат со купување на нови играчи, тренд кој започна минатата сезона кога беа потрошени цели 600 милиони евра за нови играчи.

Сега нова „мета“ на Бојли е играчот од средниот ред на Еквадор, за кого Челси ќе одвои цели 80 милиони фунти да го види во своите редови.

Сепак, треба да се има во предвид дека Челси во овој преоден рок ќе се ослободи доста од своите играчи, за да донесе нови фудбалери, кои ќе го понесат тимот кон нови успеси со Маурисио Покетино на клупата.

Се вчитува...