„Планот не беше да одам во Интер Мајами“, кажа Меси

Лионел Меси кажа дека првично планот не му бил да оди во Интер Мајами, туку во друг клуб, притоа не откривајќи за кој клуб станува збор, иако се претпоставува дека тоа е враќање во Барселона.

И покрај богатите понуди од Саудиска Арабија, како и да се врати во Барселона сепак, на крајот Меси се реши за преселба во Мајами, и со тоа ги изненади сите.

„Првично планот ми беше поинаков, но јас и моето семејство сме задоволни и среќни од одлуката. Мислам дека ова е важен чекор. Подготвени сме за промени и нов предизвик“, изјави Меси.

Се вчитува...