Голманот на Силекс, Методија Велковски го продолжи договорот со Силекс на уште две години, обврзувајќи се да остане во Кратово до 2025 година.
Велковски кој во минатото беше дел од Осогово, Струга, Кадино и младинските категории на Вардар, во Силекс е веќе две години, откако од Струга во 2021 година се пресели во таборот на „сино-црвените“.
Велковски во минатата сезона настапи на четири прволигашки натпревари. Прв избор на кратовскиот тим е искусниот Даниел Божиновски, но Велковски се надева дека во иднина ќе добива повеќе шанса меѓу диреците на кратовскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА