Македонскиот тренер Зекирија Рамадани ја продолжува својата тренерска кариера во Саудиска Арабија, во редовите на второлигашот Оход Ал Медина.
Рамадани имаше извонреден успех на косовскиот прволигаш Гњилане со кого стигнаа до финалето во Купот на Косово. Па, пристигна понуда од Судиска Арабија која тешко се одбива.
Косовските медиуми известуваат дека Рамадани веќе информирал за својата преселба во Саудиска Арабија. Зеко Рамадани, кој најголемиот дел од играчката кариера ја мина во Слога Југомагнат, има шест настапи за македонската фудбалска репрезентација. Како тренер ги водеше и Шкупи, но и косовските Приштина, Трепча и Фероникели.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА