„Лавовите“ со четири контроли во Словенија ќе се подготвуваат за европската пролет

Освојувачот на националниот куп, Македонија Ѓорче Петров ги продолжува подготовките за претстојната сезона во домашниот шампионат и настапот во третото по ранг европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига.

„Лавовите“ на 21. јуни ќе отпатуваат за Словенија каде ќе одиграат четири контролни средби до крајот на месецот.

Првиот натпревар избраниците на Горан Симов на 23. јуни ќе го играат против Марибор. Три дена подоцна се среќаваат со Целје, додека на 29. јуни за противник ќе го имаат Радомилје. Настапот во Словенија ќе го заокружат со мечот против српски Чукарички кој е закажан за 1. јули.

Се вчитува...