Мекгрегор на натпревар на Мајами се обидел да силува девојка

Поранешниот светски УФЦ шампион во две тежински категории, Конор Мекгрегор, беше обвинет за силување на четвртиот натпревар од финалната серија на НБА меѓу Мајами и Денвер.

Како што пренесуваат американските медиуми, Ирецот за време на натпреварот се заклучил со неименувана девојка во тоалетот каде ја принудил на интимни односи. Откако го удрила Мекгрегор со лакт, жртвата успеала да побегне.

Американските медиуми пренесуваат дека девојката се обидува сама да ја реши ситуацијата со борецот и се уште не сака да преземе правни мерки.

„Добивме информации за обвинението и ќе спроведеме целосна истрага. До крајот на оваа истрага ќе се воздржиме од какви било коментари“, се вели во соопштението на Мајами Хит.

Се вчитува...