Тенисерите со пораз од Кипар го завршија настапот во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Македонија го заврши настапот во 3. зоно во Дејвис купот, откако во одлучувачкиот трет натпревар од групната фаза загуби од Кипар.

Откако поради повреда денеска Македонија не можеше да смета на својот најдобар тенисер Калин Ивановски, очекувани беа двете победи во сингл конкуренција за Кипарците.

Прво, Амар Хусеиновиќ загуби со 2-0 (6-1 и 6-2) од Стилианос Кристодулу, додека во вториот натпревар Обрад Марковски беше поразен од Менелаос Ефстатиу исто така со максимални 2-0 (6-1 и 6-2).

 

Се вчитува...