Седумнаесет спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Европските игри во Краков

Седумнаесет спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Европските игри кои од 21 Јуни – 2 Јули 2023 година ќе се одржуваат во полски Краков.

За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичарки и атлетичари.
Македонските спортисти подготвени го чекаат почетокот на игрите верувајќи во своите квалитети и со верба за освојување медал на Европските игри.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов. Најдобрите македонски спортистки и спортисти ќе отпатуват во Краков на 19. Јуни.

Емил Павлов – Карате
Анастасија Мојсовска – Спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – Спортско стрелаштво
Мирјана Релиќ – Таеквондо
Анамарија Георгиевска – Таеквондо
Дејан Георгиевски – Таеквондо
Димитар Пејчиновски – Текбол
Анѓел Петрушев – Кајак
Никола Малевски – Кајак
Владимир Малевски – Кајак
Николовски Никола – Мечувалство
Србиноски Петар – Мечувалство
Дамјаноски Петар – Мечувалство
Тодороски Матеј – Мечувалство
Озмен Илхан Атила – Бокс
Ален Рустемовски – Бокс
Арјан Исени – Бокс

 

 

 

Се вчитува...