Судирот на Елиф Елмас и Михајло Мудрик! Ќе ја одбележи ли индиректната пресметка на двете најголеми млади ѕвезди во националните тимови на Македонија и Украина денешната пресметка на „Тодор Проески“ во квалификациите за ЕП 2024!?
Без сомнение, ако се гледа фудбалското на двете страни во желбата да се издвои централниот потенцијал кој го поседуваат и двете страни тогаш тоа дефинитивно се Елмас и Мудрик. Само, кој ќе биде победникот на крајот!?
ЕЛИФ ЕЛМАС
Еден од најдобрите македонски фудбалери 23-годишниот Елиф Елмас веќе во континуитет се наметнува како една од централните фигури во составот на Боби Милевски. Па, таа фигура треба да не понесе и низ актуелниот квалификациски циклус во повеќе од тешката група со Англија, Италија и Украина. Затоа погледите на фудбалските фанатици од земјава се токму кон Елиф.
Елмас зад себе остава сезона во шампионска титула во Серија А во дресот на Наполи. Сето тоа, без сомнение, носи и силен мотив кај секогаш максимално амбициозниот Елиф за повеќе од успешни настапи против селекции како што се Украина и Англија. А, добро познавајќи го карактерот на Елиф, и дефинитивно во него гори желбата за одмазда за оној пораз од Украина на ЕВРО 2020 во Букурешт.
Елиф Елмас е јасно е дека е наследник на оние врвни македонски фудбалски ѕвезди, продолжувач на низата почната можеби од Мето Спасовски, Кирил Дојчиновски, Дарко Панчев, Горан Пандев…, сега како уште еден од низата ОСВОЈУВАЧИ кои треба да ја понесат македонската фудбалска иднина!
МИХАЈЛО МУДРИК
22-годишниот украински суперталент Михајло Мудрик, пак, е најскапиот Украинец во историјата на оваа земја. Трансферот од 100 милиони евра во Челси го издвои како еден од рамноправните наследници на имињата како Валери Лобановски, Олег Блохин, Андриј Шевченко…
Мудрик по вторпат доаѓа во Скопје, по она гостување пред две години со младата селекции на Украина во квалификациите за ЕП 2021. Сега доаѓа како вистинска ѕвезда и покрај тоа што во првите свои шест месеци по трансферот во Челси изминатава пролет не се наигра баш во англискиот премиерлигаш.
Учинокот во Челси оваа пролет му е под очекувањата, но тоа, како што самиот нагласи откако се приклучи на подготовките на Украина, му е само дополнителен мотив на дуелот против Македонија во Скопје да го докаже сиот свој квалитет. Тоа му е неопходно и за враќање на самодовербата!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА