Екс-вардарецот Ибиши е првото засилување за Тиквеш, Карчески ја продолжи соработката

Џемаил Ибиши е првото засилување за прволигашот од Кавадарци, екипата на Тиквеш, за новата натпреварувачка сезона.

Кавадарчани официјално денеска го промовираа првото засилување, 22-годишниот офанзивец кој последната сезоната настапуваше за екипата на ХНГ Ориент – Ријека од Хрватска. Ибиши, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, претходно има настапи и за екипите на Локомотива и Дубрава во Хрватска.

Од Тиквеш информацијата и дека е продолжена соработката со досегашниот првотимец Даниел Карчески.

Се вчитува...