ФОТОГАЛЕРИЈА: Гимназијата „Никола Карев“ победник на Европското првенство за средни училишта во кошарка!

Главниот град на Македонија беше повеќе од успешен домаќин на најдобрите 200 средношколци од седум европски држави кои изминативе денови учествуваа на Европското првенство за средни училишта во кошарка.

На шампионатот, организиран од Федерацијата за училишен спорт, кој се играше во машка и во женска конкуренција, на крајот меѓу момчињата триумфираше гимнзијата „Никола Карев“ од Скопје која во текот на целиот турнир покажа исклучително висок квалитет на крајот повеќе од заслужено доаѓајќи до златниот медал.

Во женска конкуренција, пак, победи екипата на чешката гимназија „Припоточни“ од Прага.

 

Се вчитува...