Шкупи ги промовираше Денковски од Брегалница и Серафимов од Вардар! (ФОТО)

Како свои нови засилувања за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкупи ги промовираше голманот Давид Денковски и десниот бек Давор Серафимов.

22-годишниот Денковски е поранешен младински репрезентативец и доаѓа од екипата на Брегалница, а 18-годишниот Давор Серафимов зад себе имаше одлична сезона во дресот на Вардар по што сега не ја одби понудата од Шкупи.

Денковски исто така има настапи за академијата на Вардар, а претходно во кариерата играше и за Академија Пандев и за Пехчево.

Серафимов, пак, е дете на Вардар, но сега се одлучи да се пресели во редовите на лутиот градски ривал.

Претходно Шкупи се засили и со Арби Воша, Михал Пинтер и Хамза Рамани.

Се вчитува...