РК Прилеп го задржа столбот на одбраната со договор за уште две години

Ракометниот суперлигаш Прилеп информираше дека ја продолжува соработката со пивотот Антонио Бурчески.

Бурчески потпиша договор за нови две години во редовите на прилепчани до јуни 2025 година.

„Го задржавме својот столб во одбраната и за наредниот период“ – информираа од РК Прилеп за Бурчески кој е еден од најзаслужните што тимот на Прилеп успеа да обезбеди опстанок во ракометната елита.

Се вчитува...