Шкендија и официјално потврди дека се разделува со еден од своите најдобри фудбалери, репрезентативецот Егзон Бејтулаи.
Тетовци му се заблагодарија на досегашната соработка и целокупниот придонесе за развојот на клубот. Според информациите од албанските медиуми, Бејтулаи по репрезентативниот собир и дуелот на Македонија против Англија во Манчестер, го очекува промоција во албанскиот прволигаш Тирана.
„Шкендија изразува максимална благодарност до Егзон Бејтулаи за целиот придонес даден во црвено-црниот дрес. Дефанзивецот Егзон Бејтулаи повеќе нема да биде дел од Шкендија, по истекот на договорот на 15. јуни 2023. Ценејќи го неговиот придонес во црвено-црниот дрес, клубот понуди и инсистираше на продолжување на соработката, но желбата на дефанзивецот беше да се докаже во странство“ – соопштија од Шкендија.
Егзон Бејтулаи заминува како еден од фудбалерите со најмногу настапи во дресот на Шкендија, откако со црвено-црните одигра цели 304 официјални натпревари. Капитенот и долго време заменик-капитен, дефанзивецот беше дел од историските успеси на клубот, освојувајќи три првенствени титули и два трофеи во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА