Јуве даде попуст – Кулушевски останува во Тотенхем

Дејан Кулушевски и во следната сезона ќе продолжи да го носи дресот на Тотенхем откако лондонскиот премиерлигаш успеа во намерата да ја спушти цената што ја бараше Јувентус за шведскиот репрезентативец со македонски корени.

Кулушевски се покажа во добро свето по позајмицата од Јуве во Тотенхем, во која имаше клаузула за откуп за 35 милиони евра. Сепак, „спарси“ почувствуваа дека Јувентус се соочува со сериозни финансиски проблеми поради неиграњето во ЛШ наредната сезона, па решија да не ја активираат клаузулата и да седнат на нови преговори со челниците на „старата дама“.

Разговорите вродија со плод, па денеска беше договорено висината на овој трансфер да изнесува 30 милиони евра. Официјализацијата се очекува во наредните неколку дена, по што „спарси“ ќе се насочат кон ангажман на нови засилувања во тимот.

Се вчитува...