Босански судија ја донираше целата заработка од полуфиналниот натпревар помеѓу Шпанија и Италија

На вториот полуфинален натпревар во Лигата на Нации во кој се сретнаа Шпанија и Италија, а во големото финале се пласираа Шпанците со гол во 88. минута претставник имаше и Босна и Херцеговина со својот најдобар судија Ифран Пељто кој испадна и голем хуманитарец.

Пељто кој ја извршуваше улогата на четврти судија се одлучи целата заработка која ја доби од УЕФА да ја донира во фондот „Спортисти за живот“ кој помага во медицински потреби на оние кои им е најпотребно.

„Благодарност до Пељто на несебичниот гест и му посакуваме многу среќа во продолжението од кариерата, со надеж дека наскоро ќе го гледаме и на најголемите фудбалски собири“, изјавија од здружението.

Се вчитува...