Македонската репрезентација одигра феноменално прво полувреме против Украина во вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2024, завршувајќи го со предност од 2-0 против фаворизираниот противник.
Уште од самиот почеток на дуелот со начинот на игра, активната доминација и постојаниот притисок кон голот преку обидите од далечина на Трајковски, Адеми и Несторовски беше јасно дека Македонија е цврсто решена на позитивен резултат против Украинците.
Па, тоталната доминација вроди со плод точно на половина час игра. Водство за Македонија донесе Енис Барди во 31. минута од пенал, откако претходно во сопствениот шеснаесетник со рака играше Микола Матвиенко.
Главниот судија на мечот, Швајцарецот Фендрих не досуди првично пенал, но по ВАР проверка беше јасно дека ќе мора да покаже на белата точка. А мајсторски пеналот го изведе Енис Барди.
Но, националниот тим не застана само на тоа. Откако Енис Барди од пенал донесе водство од 1-0, водството го удвои Елиф Елмас кој постигна вистински „еврогол“ во 39. минута од натпреварот. Мајсторски шут од околу 25 метри на Елмас за ерупција на 20.000 навивачи на „Тодор Проески“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА