Ребров: Ја сменивме играта на полувремето и најдовме начин да дојдеме до победа

Селекторот на украинската репрезентација Сергеј Ребров, после натпреварот со Македонија и победата од 2:3, видно расположен ги искажа своите импресии од дуелот, кој го доби со пресврт во вториот дел.

Некогашната играчка легенда на Украина кажа дека играта се сменила во вториот дел на нивна страна и на крајот дојдоа до победа.

„Ова беше многу важен и тежок натпревар. Немавме време долго време да се подготвиме за овој меч, играта се смени во вториот дел и заврши како што заврши. Нашите играчи не спиеја до првиот дел. Репрезентацијата на Македонија беше квалитетна, поседува сериозни и искусни играчи и ни направија проблеми. После првиот дел најдовме начин како да дојдеме до победата“, вели Ребров и додава:

„Не беше промената на играта во 55. минута, туку веднаш после полувремето. После голот нашиот тим дојде до уверување дека може да дојде до победа“, вели украинскиот селектор.

Ребров откри што им кажал на играчите на полувремето.

„Им велев да смениме темпо на играта. Македонија во првиот дел држеше многу високо темпо.“, рече Ребров.

Се вчитува...