Борусија Дортмунд е блиску да го ангажира фудбалерот на Ајакс, Едсон Алварез. На „Сигнал Идуна Парк“ го забележаа 25-годишниот мексикански репрезентативец како замена за Џуд Белингем, кој официјално се пресели во Реал Мадрид.
Од таборот на „милионерите“ веќе почнале контакти за ангажман на играчот, и веќе ги договориле личните услови на фудбалерот. Мексиканецот исто така сака да се пресели во таборот на германскиот вицепрвак.
Интерес за Алварез има и од Вест Хем, но тимот од Дортмунд засега е фаворит за неговиот потпис. Алварез е во Ајакс од 2019 година, откако пристигна од мексиканскиот клуб Америка за 15 милиони евра. Сега може за двојно повеќе да се пресели во таборот на германскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА