Флик за слабите резултати на Германија: Разбирам дека има критики, но ние сме во транзиција

Селекторот на Германија, Ханс-Дитер Влик лошата форма во репрезентација ја препиша на процесот на транзиција. Германија вчера загуби од Полска во пријателски натпревар, а на последните 15 меча Германците имаат само четири победи.

Флик кажа дека ги разбира критиките од јавноста за играта и за резултатите на Германија, особено што сите очекуваат селекцијата да биде еден од фаворитите за освојување на пехарот на Европското првенство на домашен терен идната година.

„Во моментов ни недостасува и малку среќа. Но, јас ги разбирам луѓето. Разбирам дека сме подложни на критики, но ние сме во транзиција и во овој процес има вакви периоди кога резултатите и игрите изостануваат“, рече Флик.

Една од четирите победи на Флик на кормилото на Германија е и против Македонија во Скопје. Тогаш „елфот“ славеше триумф од 0-4 во квалфикациите за пласман на СП 2022 година.

Се вчитува...