Претседателот на Баерн: Не е во ред тоа што го прават Чави и Барселона

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер истакна големо незадоволство од тоа што тренерот на Барселона, Чави Хернандез си дозволи јавно да ја коментира ситуацијата околу Џошуа Кимих, за кого се зборува дека е трансферна цел на „Каталонците“.

Хајнер го пофали Чави како играч, и кажа дека вакво нешто не очекувал такво нешто од него. Тренерот на Барселона кажа дека Кимих би сакал да го има во своите редови, но дека проблематично е тоа што има договор со „Баварците“.

„Пред се, Чави беше одличен играч и имам голема почит кон него и кон Барселона. Но, не разбирам зошто толку офанзивно „флертуваат“ со наш играч. Кимих е еден од клучните играчи за нашиот тим. Тој е лидер и освои доста трофеи со нас, и тоа ќе го прави во иднина. Тој е дел од нашите планови, и еден од играчите околу кој го градиме тимот“, изјави Хајнер.

Се вчитува...