Киелце ќе игра против Магдебург во финалето во ракометната Лига на шампиони. Во уште еден одличен натпревар, полскиот тим го совлада парискиот тим благодарение на одбраната на Мариус Волф во последниот напад на противникот, и така го запечати триумфот од 25-24.
Стеинс ја предводеше листата на стрелци со шест голови, додека кај Киелце најефикасен беше Алекс Душебаев со ист број на голови.
Финалето е на програмата утре, како и мечот за третото место во кое ќе играат ПСЖ и Барселона. Во претходното полуфинале, Магдебург на пенали ја совлада екипата на Барселона откако „Каталонците“ промашија четири удари во пенал серијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА