Алавес во „трилер меч“ преку Леванте до „кам-бек“ во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Депортиво Алавес се вратија во Ла лига по само една сезона помината во Втората шпанска фудбалска лига.

Во реваншот од финалето на плејофот за пласман во Ла Лига, Алавес го совлада Леванте со 1-0, со гол во 129. минута од продолжението.

На првиот меч немаше голови, а немаше ниту во 90. минути на реваншот, а ниту во дополнителните половина час.

На крајот Алавес победи со пенал во 129. минута. Асиер Вилалибре беше сигурен изведувач на пеналот вреден враќање во елитното општество.

Така, Алавес го достигна елитното ниво по шести пат во историјата (1930, 1954, 1998, 2005, 2016 и 2023 година), но за прв пат по само една сезона помината во Сегунда.

 

Се вчитува...