НБА заврши, а сега тоа вистинското: Зошто Јокиќ се брзаше да се врати од САД?

По освојувањето на титулата во НБА, најдобриот кошаркар на Денвер, Никола Јокиќ се врти кон трките со коњи по кои лудува уште од детството.

Никола Јокиќ едвај го дочека крајот на НБА плеј-офот за што поскоро да се врати во Сомбор. Причината е толку логична, кога е во прашање најдобриот играч на Денвер Нагетс.

Имено во родниот град на Никола има коњички трки, а тоа е нешто што не сака да го пропушти. За среќа, Нагетс по пет натпревари успеаја да ја освојат титулата во НБА.

Така му тргна на Никола, кој мораше да се појави на луда прослава на улиците на Денвер, а денеска, како што планираше, ќе биде на тркачката патека во Сомбор за да ги бодри коњите од неговата штала „Дрим кечер“.

Организатор на трката е Коњичкиот клуб Војводина, чиј претседател е таткото на Никола, Бранислав. Се издвојуваат две трки – најважна е Дербито на градот Сомбор, а во него сигурно ќе се натпреваруваат коњите на Јокиќ. Станува збор за трка со коњи постари од три години. Интересно е што наградниот фонд е 170.000 динари, а победникот ќе добие пехар и мантија.

Вториот натпревар се вика Пробно дерби, наградниот фонд е нешто помал – 120.000 динари, а првопласираниот добива пехар. Никола е опседнат со коњи па освојувањето на пехарот во Сомбор веројатно би му значело исто колку и титулата шампион во НБА.

Се вчитува...