Хорхе Мартин победник на ГН на Германија

Шпанскиот возач на моторциклот на Прамак, Хорхе Мартин е победник на трката за Големата награда на Германија која се возеше на патеката Саксенринг.

Мартин по вчерашната победа во спринт трката успеа да слави и во денешната трка, откако во директен дуел славеше против Италијанецот и актуелен шампион Франческо Бањаја на Дукати.

Вториот возач на Прамак, Французинот Жоан Зарко го освои третото место. За потсетување, Марк Маркез поради неколку падови викендов, меѓу кои и последниот на утринското загревања не се ни појави на стартот на трката во Германија.

Се вчитува...