Италија преку Холандија до трето место во Лигата на нации (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Италија го освои третото место на Ф4 турнирот на третото издание на најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

„Аѕурите“ во малото финале славеа над домаќинот на овој турнир репрезентацијата на Холандија со 2-3. Италија до водство од 0-1 стигна со погодокот на Димарко уште во 6. минута од мечот, а до крајот на првиот дел беше и 0-2 со голот на Фратези во 20. минута.

Домаќините намалија на 1-2 преку Бергвајн во 68. минута, a повторно предност за Италија од два гола донесе Федерико Киеза во 73. минута, додека конечните 2-3 ги постави Вајналдум во 90. минута.

Во финалето кое вечерва од 20.45 часот ќе се игра во Ротердам ќе се сретнат Хрватска и Шпанија.

Netherlands 1 – [3] Italy – Federico Chiesa 72'
byu/futshaw insoccer

Се вчитува...