Американскиот кошаркар Лу Вилијамс стави крај на професионалната кариера. Вилијамс со години е синоним за „шести човек“ во НБА, бидејќи го изгради своето име со поени од клупа.
Најзабележителни натпревари имаше во дресот на Лос Анџелес Клиперс, но и во Атланта Хокс, Филаделфија 76, Лос Анџелес Лејкерс, со една кратка епизода во развојната лига во 2006 година.
Од 15.000 поени во кариерата, дури 12.813 поени постигна Лу Вилијамс од клупата, со што стана еден од најдобрите шести играчи во историјата на кошарката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

