Црвена Звезда ја преживеа првата меч топка на Партизан

Кошаркарите на Црвена Звезда ја преживеаја првата меч топка на Партизан во финалето на АБА лигата, откако вечерва славеа на домашен терен со 91-78 и со тоа намалија на 2-1 во серијата.

Натпреварот почна израмнето, а по десет минути игра гостите имаа предност од 19-21. Избраниците на Жељко Обрадовиќ за нијанса беа подобри и во вториот период па на пауза заминаа со позитива од 38-41.

По враќањето на терен „црвено-белите“ заиграа далеку подобро. Третата четвртина заврши во нивна корист па пред последниот период имаа предност од 62-59.

Избраниците на Душко Ивановиќ продолжија со одличната игра и во последниот период па на десет минути до крајот за првпат стигнаа и до двоцифрена предност 77-67. До крајот „црвено-белите“ ја задржаа оваа предност за конечен триумф од 91-78.

Недовиќ со 19 поени беше најпрецизен во таборот на победникот, додека кај поразените Данте Егзум постигна 16 поени.

Се вчитува...