Директор на фирма спонзор на КК Партизан главен во инцидентот во „Пионир“ (ВИДЕО)

Третиот натпревар од финалната серија помеѓу Партизан и Црвена Звезда во АБА лигата го одбележа голем инцидент штом кошаркарите во „црно-бело“ се појавија на теренот. Тие беа нападнати од страна на домашната публика која ги навредуваше, плукаше и гаѓаше со запалки и шишиња.

По завршувањето на натпреварот со соопштение излезе и КК Црвена Звезда во кое за одговорни за инцидентот ги наведе „маскираните“ навивачи на друг клуб, но на социјалните мрежи веднаш се појавија снимки кои ги демантираа тврдењата на актуелниот шампион на АБА.

Еден од најзвучните во инцидентот е директорот на Телеком, Драшко Марковиќ кој беше затекнат од камерите како ги плука кошаркарите на Партизан, а притоа во рацете крева и столица која е подготвен да ја фрли кон нив.

Интересно, фирмата за кој работи Марковиќ е еден од главните спонзори на КК Партизан.

Се вчитува...