Лудило: Меси доби понуда од 22,5 милиони евра… само да оди на одмор во Саудиска Арабија

Лионел Меси изненади многумина одбивајќи повеќе од една милијарда евра за по ПСЖ кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Аргентинецот наместо тоа за следна дестинација ја избра САД и потпиша договор со Интер Мајами, но во меѓувреме сосема неочекувано доби нова неверојатна понуда од Саудиска Арабија.

Имено, државните власти на оваа пребогата држава му нудат на фудбалскиот генијалец дури 22,5 милиони евра, само за да дојде на одмор во Саудиска Арабија.

Конкретно, Меси ќе има обврска во наредните три години да доаѓа по еднаш на одмор во оваа држава, таму да остане најмалку пет дена и секојдневно да постира фотографии од убавините на Саудиска Арабија на своите профили на социјалните мрежи.

Само за потсетување, Лео Меси пред неколку месеци замина на одмор на Саудиска Арабија и објавуваше фотографии од престојот, но со тоа го навлече бесот на ПСЖ бидејќи не се појавил на тренинг на клубот, за што доби и казна од „светците“.

Се вчитува...