Илкај Гундоган ја затвори вратата за камбек во Борусија Дортмунд откако на денешната прес-конференција обелодени дека веќе ја одбил понудата на својот поранешен клуб за враќање во Бундес-лигата.
Германскиот играч за врска е без клуб откако му истече договорот со Манчестер Сити, во пол-позиција во трката за негов ангажман останува Барселона, но тој е дециден дека се уште ја нема донесено конечната одлука околу иднината.
„Искрено, се уште немам донесено конечна одлука. Барселона? Можам да кажам дека тоа е прекрасен град, но како што реков, јас немам прифатено ниту една понуда. Не е тајна и дека разговарав со Борусија Дортмунд, но во ниту еден момент не бев блиску до договор бидејќи враќањето во Бундес-лигата не е дел од моите планови за иднината“, изјави Гундоган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

