Столе Димитриевски и Рајо Валјекано ќе имаат нов тренер од наредната сезона, откако досегашниот стратег Андони Ираола се пресели во англиската Премиер-лига. Борнмут ќе биде новиот клуб на овој шпански стручњак, откако Ираола денеска потпиша двогодишен договор за да го преземе кормилото на овој премиерлигаш.
Раководството на Борнмут попладнево изненади со одлуката за разделба од Гери О’Нил, под чие водство беше обезбеден опстанокот во елитното друштво, за само неколку часа подоцна да следи и официјализацијата за договорот со Ираола.
„Презадоволни сме што можеме да го именуваме Андони Ираола за нов шеф на стручниот штаб, по потписот на двогодишниот договор со овој стручњак. Тој доаѓа по истекот на договорот со Рајо Валјекано, каде го заврши тригодишниот ангажман со освојување на 11. место минатата сезона“, објави Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

