Финалето помеѓу Шпанија и Хрватска е најгледан настан за 2023 година

Финалниот натпревар во Лигата на Нации помеѓу Шпанија и Хрватска кој заврши со победа на Шпанците по изведување на пенали е најгледаниот настан за 2023 година во Шпанија.

Истиот беше пренесуван на тамошната државна телевизија Ла 1, а според информациите го проследиле седум милиони луѓе. Бројот на гледаност растел како што се ближел крајот, а изведувањето на пеналите го направија најгледан настан на годината.

Како потсетување, трагичари за Хрватска беа Ловро Мајер и Бруно Петковиќ кои не успеаја да реализираат од белата точка, додека кај Шпанците единствениот кој не успеа да го совлада Ливаковиќ беше Емерик Лапорт кој ја погоди пречката.

Се вчитува...