Џерард демантира дека ќе му биде тренер на Дарко Велковски

Легендарниот фудбалер на Ливерпул и англискиот репрезентативец Стивен Џерард е без работа од крајот на минатата година по заминувањето од Астон Вила. Во кратката тренерска кариера пред тоа ги водеше помладите генерации на Ливерпул, а потоа и шкотскиот Ренџерс …

Понудата што ја имаше беше од Ал Етифак од кој е дел и нашиот Дарко Велковски, но како што изјави Џерард за англиските медиуми, ништо нема да дојде од заминувањето во земјата која наеднаш стана хит фудбалска дестинација.

„Ја анализирав понудата и потенцијалното патување во Саудиска Арабија, но ми се чини дека ништо нема да излезе од тоа“, изјави Џерард.

Во текот на неговата фудбалска кариера, Џерард играше само за два клуба. Тој стана еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул играјќи за клубот од „Енфилд“ од 1998 до 2015 година, додека играчката кариера ја заврши во Лос Анџелес Галакси каде играше во текот на 2015 и 2016 година.

Се вчитува...